Сакаме да приредиме Супербол секаде каде што се тркаме

Инспириран од се поголемиот интерес за Формула 1 во светот, особено во САД, Стефано Доменикали, шефот на спортот, е оптимист за иднината на спортот и сака секоја трка која што ќе ја организираат да биде спектакл на рангот на престижниот американски НФЛ Супербол.

Серјата на Нетфликс ја вивна во небо популарноста на тркачакта серија во Америка, така што од една трка која САД ја имаа до лани на гридот, сезонава имаат две, а догодина со влезот на лудиот Лас Вегас, земјата ќе организира три трки.

Во минатото, Формула 1 секогаш била во втор план во Америка, каде приматот го држеле американските тркачки серии. На скорешното Американско Гранд При во главниот град на Тексас, присуствуаше еден од најдобрите актери, Бред Пит, кој ќе снима филм за спортот, првиот човек на гигантот Епл, Тим Кук, кој ги има правата за филмот, НБА легендата Шекил О’Нил, Ед Ширан и многу други.

Првата трка во Соединетите држави се одржа во 1959 година на веќе легендарниот Себринг, а потоа се менуваа локациите како Ваткинс Глен, Индијанаполис, Детроит, Феникс, Далас, Риверсајд, паркинг во Лас Вегас и на крајот Остин и Мајами.

На промоцијата на настанот во Вегас минатиот викенд, Доменикали го користеше омилениот американски Супербол како репер за тоа каква сака да биде Формула 1 во иднина.

нашата визија е секаде каде што одиме да правиме шоу како супербол, многу лесно да се сфати што сакаме да постигнеме ако сте американци – објасни доменикали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ