Сало ја објавил казната за Хамилтон пред да биде изречена

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стјуарди, Мика Сао, за финскиот телевизиски канал C More открил дека Луис Хамилтон ќе добие две казни од по пет секунди и дополнителни два казнени поени на својата супер лиценца пред ФИА тоа официјално да го потврди.

Финецот бил побрз од официјалниот Формула 1 информативен систем и 10 минути пред истиот да ја објави казната, тој ја откри за C More каналот, а коментаторите на телевизијата тоа јавно го откриле.

Тоа што чуди е што во времето кога Сало им ја открил доверливата информација на стјуардите, истрагата не била завршена.

Ова не е прв пат да биде откриена некоја информација за казна пред истата да биде официјално потврдена. Самиот Сало порано работел како коментатор и за време на неговото работење како Формула 1 стјуард, финските телевизии често имаат ексклузива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ