Сарџент верува во подобри трки во Европа

Логан Сарџент верува дека фактот што следуваат трките во Европа на патеки кои му се познати ќе ја зголемат неговата самодоверба по лошиот почеток на сезоната.

Американецот е еден од тројцата дебитанти на овогодинешниот грид и еден од двајцата без поени, има неуедлив почеток на сзоната откако не беше лош на првата трка со 12то место во Бахреин, а потоа следуваа тешки трки.

имам чувство како ни за момент да не можеме да избегаме од уличните трки – посочи логан.

Тој се надева дека познатите европски патеки кои следуваат ќе му ја вратат загубената самодоверба, а запрашан дали е среќан што серијата со враќа во Европа, изјави:

дефинитивно затоа што чувството да се вратите повторно во европа е одлично.

освен монтреал, на останатите патеки сум се тркал и одлично ги знам. имола беше откажана, така што многу работевме во фабриката на подготовка за трката во монако и шпанија, така што мислам дека ќе бидеме добри.

Лани во Формула 2 Логан се тркаше за Карлин низ Монако, го заврши спринтот на 10то место, а главната трка позиција погоре.

лани се тркав во монако и ми беше една од омилените патеки, посебен викенд иако резултатски не бев толку силен, но енергијата беше фантастична и вистински уживав.

од тоа што сум разговарал со алекс албон во врска со разликите помеѓу формула 2 и формула 1 низ улиците на монако, ми кажа дека е лудило и дека ќе ми требаат неколку крутови да се навикнам и да стекнам самодоверба. ја сакам патеката и ќе биде забавно.

Сепак, тој призна дека карактеристиките на патеката ќе им создадат проблеми.

се работи за многу тесна патека полна со кривини која не ни одговара на болидот, но никогаш не се знае, ќе дадеме се од себе за да бидеме максимално добри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ