Сарџент ќе дебитира за Вилијамс на петочна сесија во САД

Штитеникот на Вилијамс, американецот Логан Сарџент, ќе добие шанса да дебитира на Формула 1 Гранд При тркачки викенд во Соединетите Американски Држави на трката во Октомври.

Формула 2 возачот кој во моментов е на 3то место во поредокот во јуниорската тркачка серија тркајќи се за Карлин, ќе учествува на петочна тренинг сесија на Патеката на Америките на 21 Октомври. Американецот стана дел од Академијата на Вилијамс во Октомври лани, веста беше потврдена токму за време на трката во Тексас, а возеше за тимот и за време на постсезонскиот тест за млади возачи во Абу Даби.

Сарџент ќе го превземе болидот на Николас Латифи за време на 60-минутната трениг сесија, така што тимот од Гроув ќе ги исполни регулаторните барања да даде две петочни сесии на дебитанти, откако во Барселона му дадоа шанса на Ник де Врис. Воедно, Сарџент ќе стане првиот американец на официјален тркачки викенд по Александер Роси во 2015 година.

премногу сум возбуден што ќе добијам можност да возам на петочна тренинг сесија во остин, а посебно тоа што ќе можам да возам на американското гранд при што е посебно за мене.

огромно благодарам до виијамс што веруваат до мене и верувам дека ќе завршам добра работа. целта е да научам колку што можам повеќе со оваа нова генерација болиди. нетрпелив сум да искористам максимум од искуството – изјави сарџент.

Неодамна беше потврдено дека Формула 2 колегата на Сарџент, Лиам Лосон, ќе има петочни деби на Белгиското Гранд При за АлфаТаури, додека Алфа Ромео се мачат да најдат тркачки викенд за Тео Пурчер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ