Саудиска Арабија во трка со времето

Саудиска Арабија е во трка против времето за навреме да ја заврши патеката која почна да се прави во Декември лани и која треба огдинава да биде домаќин на првото Гранд При во Кралството.

Инженерите работат 24 часа на ден за да ја подготват патеката и од тоа што може да се види, сеуште има доста работа. Патеката ќе биде долга 6,175 километри и е втора најдолга на календарот, воедно ќе има и 27 свиоци. Трката треба да се одржи од 3 до 5 Декември. 

Претседателот на Сауидската Автомото федерација, Принц Калид бин Султан Ал Фаисал, изјави дека има голем интерес за билетите иако билетите не се евтини и чинат од 533 до 9.333 долари. 

Очекуваме голем интерес посебно од Европа и од Америка. Целиот проект чини многу и треба да се компензира од продажба на билетите и различни спонзорства и реклами. 

Саудиска Арабија е домаќин на Дакар Релито и Формула Е. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ