Саудиска Арабија, квалификации: Хамилтон ќе тргне од пол, Макс беше пребрз, но погреши

Луис Хамилтон стигна до својата 103та пол позиција во епска борба со Макс Верстапен во која холанѓанецот не го издржа притисокот, погреши во својот летечки круг и заврши странично во оградата.

Мерцедес го освои првиот ред, додека Верстапен и Леклер ќе тргнат од вториот, а поддршката на Макс, Серхио Перез имаше 5то време.

По првите 18 минути, Серхи Перез на Ред Бул постави најбрзо време, беше за нецели 4 стотинки побрз од Валтери Ботас и нецели 2 десетинки побрз од Даниел Рикардо. Валтери Ботас доби користен мотор во пресрет на квалификциите, но пријави нерамномерна работа и едвај се “доклацка“ до боксот во својот последен обид.

Два болид на Хаас, два болиди на Астон Мартин и еден Вилијамс не минаа понатаму, а “господин Сабота“ односно Џорџ Расел со фантастичен круг мина во К2.

На Николас Латифи му недостасуваа повеќе од 2 десетинки за да напредува, а беше само две стотинки побрз од Себастијан Фетел кој ќе тргне до него. Себ беше две десртинки побрз од својот колега, Мик Шумахер заостана десетинка зад канаѓанецот, а Мазепин беше надвор од игра со 2,5 секунди од времето на Перез.

Средните 15 минути од квалификациската сесија, доцен летечки круг и најбрзо време постави Хамилтон кој заврш 2 десетинки пред Макс Верстапен и Серхио Перез кои беа водечки во најголем дел од К2.

Карлос Саинз имаше излетување кон средина на сесијата, но ни самиот не знае како спаси жива глава и успеа само да го допре болидот во оградата. Промени гуми и крило, се врати на патеката, но под голем притисок не успеа да испорача, погреши во летечкиот круг и ќе тргне од 15то место.

Даниел Рикардо беше најбрз од отпаднатите откако за само половина десетинка имаше побавен круг од Антонио Џовинаци на Алфа Ромео, а беше десетинка пред втората Алфа возена од Кими Раиконен. Фернандо Алонсо едвај 3 стотинки зад финецот ќе тргне од 13то место, а Џорџ Расел беше 14ти.

Луис Хамилтон го уништи својот прв обид за летечки круг, но неговиот колега беше тука да извози фантастичен круг од 1.28.1. Луис имаше одличен втор обид и извозе десетинка побрзо од својот колега, но следуваше кругот на Верстапен, кој подоцна излезе на патеката и имаше најбрзо време викендов со неверојатни 4 десетинки побрзо време од Мерцедес и прво време под 1 минута и 28 секунди викендов.

Во меѓувреме, Серхио Перез постави 4то време, а Норис, Тсунода и Леклер беа зад него. Следната серија летечки кругови изненади Хамилтон со круг побрз од неверојатниот на Верстапен за дури 14 стотинки, следуваше обидот на Макс. Верстапен имаше неверојатн круг и 24 стотинки по второто местно место, но претера и заврши странично во оградата, не го оштети многу болидот, но не можеше да продолжи.

Така, Хамилтон десетинка пред Ботас кој има 3 стотинки предност пред Верстапен, а Леклер со извонреден круг буквално рпед сударот на Макс, ќе тргне од 4то место. Третиот ред за Серхио Перез кој беше половина десетинка зад Ферари и Пјер Гасли кој заостана невидливи 2 илјадитинки за Ред Бул. Мекларен со Норис беа 7ми и ќе стартуваат од исти ред со Тсунода, додека Окон и Џовинаци беа посленди во К3 и единствени со над секунда заостаток.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ