Саудиска Арабија подготвена за две трки, една во Џеда, друга во Кидија

Саудиска Арабија би можела да биде домаќин на две Формула 1 трки годишно кога ќе заврши изградбата на новиот забавен град Кидија.

Така гласи мислењето на Претседателот на саудиската организација за моторспорт, принцот Калид Бин Султан Ал Абдула Ал-Фајсал. Изградбата на проектот Кидија, кој се наоѓа во регионот на Ријад, започна во 2019 година и има за цел да ја намали зависноста на нацијата од приходите поврзани со нафтата.

Формула 1 има намера некое време да се трка во Киддија во иднина, при што патеката подобна за Ф1 ќе биде вградена во дизајнот на градот.

Мислам дека ќе одиме таму во 2027 или 2028 година. Повратните информации од ФОМ и луѓето кои ги следат настаните, ја сакаат патеката.

Патеката е во центарот на Кидија. Тие се уште ги прават главните планови бидејќи работите се менуваат на овие големи проекти.

Не можеме само да градиме патека и да бидеме опкружени со градилишта. Дел од патеката оди внатре во градот. Тоа е постојан круг, но дел од него е внатре во градот, покрај хотелите и повеќе објекти, па е како хибрид помеѓу постојан круг и улична патека.

Ќе има хотели, ќе има паркови, ќе има многу работи околу неа. Не можеме само да ја завршиме патеката и да ја преместиме трката во Кидија додека е градилиште. Затоа сакаме да одиме таму кога проектот, градот, ќе биде завршен.

Формула 1 се тркаше околу патеката Џеда Корниш за прв пат во 2021 година и се очекува истата да биде дом на Големата Награда на Саудиска Арабија додека не се заврши патеката Кидија. Сепак, принцот Калид не ја отфрли можноста Ф1 да се натпреварува на двете места на постојана основа.

Саудиска Арабија е многу голем пазар, имаме силна економија, така што Идејата да се има две трки во Саудиска е можна.

Формула 1 расте, има многу побарувачка овде и затоа што Саудиска Арабија е голема, регионите се толку далеку, тоа е како САД.

Имате три трки во САД бидејќи пазарот е голем таму и има побарувачка. Барањето постои, но одлуката не е донесена.

Има многу работи што треба да ги разгледаме и не знам дали дури и ние сакаме да бидеме домаќини на две трки овде, дали е тоа практично и изводливо за ФОМ и тимовите?

Ја изградивме оваа патека за да трае, така што теоретски, да, можеме да имаме две трки. Спортот расте, побарувачката расте, па не би бил изненаден ако Саудиска во блиска иднина биде домаќин на две трки.

Побарувачката е таму и имаме два прекрасни објекти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ