Саудиска Арабија цели на трка подоцна во календарот

Трката во Саудиска Арабија цели да добие датум во Октомври или подоцна наредната сезона доколку не успее да биде прва трка во таа година. 

Можноста Џеда да биде прва трка во сезоната се појави минатата година откако саудиските власти побараа тоа да се одложи нивниот настнпоради светиот месец Рамадан во исламскиот календар кој трае од 11 Март до 10 Април во 2024 година. Но сепак, ова сеуште не е официјално и се чека на финална одлука. 

Сеуште се работи на дефинирање на работите, но тимовите и ФОМ се надеваат дека тоа брзо ќе се случи. 

Сеуште е рано. Сакаме да ја имаме првата трка во сезоната и брзо ќе дискутираме пред да се појави календарот. Имаме информации од тимовите и ФОМ знае што е добро за нас – изјави принцот Калид. 

Тој појасни дека трката не може да се случи пред Рамадан и можеби ќе ја префрлат за крајот на годината бидејќи може да е претопло во Март. 

Само Саудиска арабија или Бахреин може да имаат трка пред Рамадан. По Рамадан, времето во април и мај е многу топло и март е единствено соодветно време. Имаме дискусии со тимовите и ФОМ за да донесеме одлука. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ