Саудиското ГП ќе има полни трибини

Остануваат само 6 Формула 1 трки до крајот на сезоната, а помеѓу нив и премиерно ќе се вози Голема награда на Саудиска Арабија.

Организаторите на трката во пребогатото кралство најавија дека настанот ќе се одржува пред преполни трибини. Патеката во приморскиот град Џеда првично доби дозвола да продава влезници за само 40% од капацитетот, но по промената на мерките и протоколите во Кралството, во продажба ќе бидат пуштени сите карти за трката.

Саудиското Гранд При ќе биде претпоследна трка од календарот, возбудлив викенд на кој со свои концерти ќе учествуваат и дел од најголемите музички ѕвезди во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ