Сајт на Годината 2019: КРУГ.МК номиниран во 3 категории

Сезоната заврши за повеќето моторспорт тркачки серии, но работата во КРУГ.МК продолжува напорно и понатаму во обид да понудиме квалитетна, содржајна, забавна и навремена содржина за нашите читатели.

Благодарејќи на вашата поддршка, КРУГ.МК е повторно номиниран за Сајт на Годината, откако во 2017 година освои прво место во категоријата Автомобилизам и трето место во 2018 година во истата категорија.

За 2019, КРУГ.МК е номиниран во три категории: Вести и Информации, Спортски Сајт и Автомобилизам.

Вашата поддршка за нашите напори може да ја покажете преку следниот линк.

Откако ќе ја регистрирате вашата eMail адреса, кликнете на линкот во вашето е-поштенско сандаче и дајте ги вашите гласови. Не е задолжително да гласате во секоја категорија.

Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2019 година ќе се одржи на 17.12.2019 во Europe House Skopje.

Mанифестацијата “Сајт на Годината” во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по десетти пат и оваа година слават 10 годишен јубилеј.

Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ