Себ ги откри целите на Астон за годинава

Себастијан Фетел го освои последниот поен на Унгарското Гранд При откако стартуваше од 18то место на гридот и откри дека цел на тимот е повеќе брзина и посилен ритам во Сабота за подобро да ја завршат сезоната.

мислам дека има работи кои мораме што побрзо да ги подобриме. наша цел е да имаме подобра сабота, тогаш треба да порабодиме затоа што во недела на трка не сме лоши. во теко на квалификациите, наша цел треба да е 9то и 10то место, а во недела имаме добар ритам за да се носиме во средината од поредокот – посочи четирикратниот првак.

Германецот потенцираше дека неговиот поен не е толку важен колку што е важно тоа што многу му се приближил на Естебан Окон кон крајот на трката. Тој смета дека можеби имал шанса и да нападне за 9то место на Алпин доколку не било виртуелното безбедносно возило предизвикано од Валтери Ботас.

се мачев со гумите по втората промена на гуми и мислам дека погрешивме со балансот. потоа направивме и трета промена и работите многу се подобрија. мислам дека имав шанса да го стигнам естебан кон крајот, но јасно е дека виртуелното безбедносно возило ми наштети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ