Себ нема да се опушти на последните трки

И покрај тоа што е пред последните неколку трки во својата Формула 1 кариера, Себастијан Фетел е решен да напаѓа со цела сила да изваид максимум.

Четирикраниот првак пред Унгарското Гранд При соопшти дека ова е последна Формула 1 сезона за него сакајќи да помине повеќе време со семејството и да се посвети на други работи надвор од тркањето. Еден од најискуснит возачи на сит евремиња со 15 сезони зад него се наоѓа на 7мо место со 290 одработени трки.

нема да се опуштам до крајот затоа што знам каква работа треба да се заврши и тоа сакам да го одработам професионално. гледајќи ги луѓето на трибините е убаво затоа што веројано никогаш повеќе нема да имам такво чувство, а знам дека сум среќен што имав можност толку долго да се тркам.

но, се има свој крај, а мојата формула 1 приказна ќе заврши на крајот на годината, но ќе почне нова.

Единствениот подиум во зелениот болид Себ го освои во 2021 година низ улиците на Баку иако имаше подиум и на Хунгароринг истата година, но беше дисквалификуван. Сезонава тимот не успе да се приближи до водечките и во моментов е на претпоследно место во поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ