Себ откри зошто на Ф1 и недостасува Маси

Четирикраатниот Формула 1 првак, Себастијан Фетел, верува дека на спортот му недостасува искусен директор на трка како отстранетиот Мајкл Маси.

Контроверзното менаџирање со безбедносното возило во завршниот сегмент на последната ланска трка го чинеше Маси своето работно место, откако дојде под голем притисок од Мерцедес и Луис Хамилтон, губитниците на трката. Австралијанецот беше отстранет од својата позиција, а ФИА откри дека човечка грешка го предизвикало лошото менаџирање на последната трка.

Нилс Витич и Едуардо Фреитас го заменија Маси и ротираат на овогодинешните трки, а првите трки од сезоната беа без контроверзии, иако Фернандо Алонсо често знае да го критикува менаџирањето на трките.

Себ призна дека очекувал проблеми со двата нови директори на трка годинава и дека смета дека на Формула 1 и недостасува Мајкл Маси.

она што во моментов ни недостасува е искуството кое маси го имаше во оваа работа и затоа беше доведен да раководи со трките затоа што се развиваше и собираше искуство во формула 1.

секако дека не е лесна позицијата во која беше, цело време беше во центарот на вниманието и со контролата на трка е секогаш така.

се надевам дека работите ќе се смират и сите ќе работиме заедно, ние како возачи и тој како фиа. не може сите да се среќни и задоволни, но битно е никој да не биде оштетен – смета себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ