Себ сака двојно повеќе цилиндри

Себастијан Фетел повтори дека сака да дојде крај на сегашната Формула 1 В6 турбо хибридна ера. Спортот премина од атмосферските В10 и В8 мотори кои беа многу жедни за гориво, но произведуваа атрактивен звук, на хибридни 1,6 литарски агрегати на крајот од 2013 година.

Во 2025 година се очекува нова ревизија на агрегатите во спортот, се цели кон еколошки горива, ниско ниво на загадување и двотактни мотори. Но, Себ вели дека ако Формула 1 треба да се промени, тој би ја променил на друг начин.

прво јас би го дуплирал бројот на цилиндрите, а во исто време би ги отстранил и батериите кои сметам дека се непотребни освен за стартување на болидот – изјави фетел за германски Kolner Express.

Герхард Бергер, кој во моментов е на чело на престижната германска ДТМ серија има целосно спротивна визија за иднината на тој спорт каде сака целосно електрични автомобили со по 1.000 коњски сили способни да се тркаат со над 300 кмч.

зборуваме за машини со исклучително високите перформанси кои ќе донесат блиско и неизвесно тркање.

Нико Розберг е познат по тоа што инвестира во “зелени иновации“ и е оптворен за електрична иднина на моторспортот.

хибридните мотори се поефикасни од оние со внатрешно согорување, дури и со користење на синтетичко гориво.

електричните мотори ќе станат многу подостапни благодарение на новата технологија за производство на батерии. уште во 2018 година реков дека по некое време формула 1 ќе се спои со формула е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ