Себ смета дека трошоците за трка се превисоки за Германија

Четирикратниот Формула 1 првак, Себастијан Фетел, смета дека Германско Гранд При не може да се организира поради се поголемите трошоци за организација за тркачки викенд.

Иако земјата имаше трка во 2020 година под името Ајфелско Гранд При во експресно составениот европски корона календар, нормален Гранд При настан последен пат беше одржан на Хокенхајм во 2019 година. Многу други земји си обезбедија свое присуство на Формула 1 календарот, а се вели дека има уште доста кои чекаат.

Себ не гледа можност неговата татковина да се врати во спортот наскоро затоа што не може да се натпреваруваат со Владите на другите земји кои одвојуваат огромни суми за трките.

не знам дали ќе се тркам повторно во германија пред да се повлечам, но очигледно дека имав привилегија многу пати да се тркам таму. ако ги видите местата на кои одиме и се тркаме, германија не е подготвена да плати толку пари за да има своја трка, едноставно е – посочи фетел.

Тој посочи дека и локации како белгиска Спа и престижното Монако можеби ќе ја имаат сличната судбина и можеби во иднина ќе бидат изоставени.

други региони и други влади во европа се мачат, а мислам дека и спа е добар пример. штета по оној дожд што се случи лани кој ја откажа трката, а луѓето не си ги добија назад своите пари. но, да се обвини спа е погрешно затоа што ионака се мачат и губат пари.

не знам, јас не сум одговорен да го развивам и да носам одлуки во спортот и календарот. одлично е што одиме на различни локации, но парите го вртат спортот и тие носат развој.

штета што ја загубивме германија, ќе биде штета ако ја загубиме и спа и шпанија затоа што таму имаше многу душа. ако тие земји не се подготвени да платат толку високи суми во иднина, ќе бидат избришани и тоа е штета.

секако дека има итрки како силверстон и монца кои во моментов се чини дека се безбедни, но не се знае ништо/

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ