Сеидл горд на најдобрите квалификации последните шест години

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл им честиташе на тимот и возачите за најдобрите перформанси на квалификациите последните шест години.

Мекларен ќе почне од вториот ред на гридот откако Ландо Норис постави 4то време во К3, додека Карлос Саинз ќе почне од 4от ред како 8ми, крај Шарл Леклер од Ферари.

честитки до возачите и до тимот за денешната одлична работа.

ландо одработе одлично во текот на квалификациите, а последнит круг кој беше најважен испорача одлично време доволно за 4то место што ни даде најдобра стартна позиција последните 6 години.

карлос одлично напредуваше низ сесиите и иамше ритам да биде подобро-пласиран од 8мо место, но за жал не го искористи цеосно последниот круг – анализира сеидл.

Мекларен имаа турбулентен период, најпрво имаа позитивен Ковид-19 тест во тимот во Мелбурн по што се повлекоа од настанот, а потоа следуваа и финансиски проблеми кои завршија со заем од Националната банка на Бахреин.

денеска беше одличен резултат за сит во екипата и одличен поттик за сите по рпедизвиците со кои се соочивме по викендот во австрилија работевме напорно и се фокусиравме на работата поради што сум горд на сите на патеката и во фабрикатаво вокинг.

сепак, ова е само квалификациски резултат и наеме дека иа уште многу за да се вратиме онаму каде што сакаме да бидеме и поради тоа е важно да работиме и притискаме, но денеска бевме супер и имаме одлична база за напредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ