Сеидл е фан на агресијата од Саинз и Норис

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, е среќен со агресивниот пристап на патеката прикажан од неговите возачи Карлос Саинз и Ландо Норис во текот на 2019 година.

Мекларен почнаа со целосно нов тандем во 2019 година, а возачкото дуо и помогна на екипата да стигне до четврто место во пласманот. Саинз исто така се пласираше на првиот подиум за Мекларен од 2014 година на Бразилското Гранд При, стартувајќи од задните редови. Во однос на нивната агресивност, Сеидл е полн со пофалби за нивниот пристап.

Одлично е да се види таков пристап како што има Карлос. Како што имаат двајцата, ми се допаѓа тоа што се агресивни. Тие се двајца добри момци надвор од болидот, што е одлично за тимот. Помага да имаме одлично расположение и да притискаме напред.

Но ми се допаѓа колку се агресивни на стартовите, во првите кругови и колку се одлучни кога претекнуваат за да стигнат до резултатот. Тоа што Карлос го направи на последните трки, како и во Абу Даби, потврдува дека тој е вистинскиот возач за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ