Сеидл: Има причина зошто преминуваме на мотор од Мерцедес

Промената на снабдувач на мотори од Рено на Мерцедес за 2021 година бил следниот логичен чекор во напредокот на тимот, вели тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл.

Првично кога започна турбо-хибридната ера во 2014 година, тимот од Вокинг премина на мотори на Хонда за 2015 година, но потоа се одлучија за Рено во 2018 година. Иако Сирил Абитебул од Рено тврди дека моторот е подобрен, Сеидл тврди дека преминот кон Мерцедес не е за размислување.

Има причина зошто одлучивме да преминеме кон Мерцедес за следната година. Дефинитивно сметаме дека тоа е најдобриот агрегат кој може да се добие. Мерцедес веќе неколку години се примарен показател во оваа ера и нема ништо подобро за нас одколку да имаме мотор на шампионски тим во нашиот болид.

Со Даниел Рикардо ќе го имаме еден од најдобрите тандеми во падокот што ни овозможува да се доближиме до врвот, да се бориме со големите тимови во иднина. Од тимот ќе зависи сето ова да функционира. Како што кажав многу пати, имаме јасна идеја што ни недостасува кон врвните тимови, во однос на инфраструктура, во однос на организација.

За тоа е потребно време, сеуште сме во средина на овој процес и ќе биде потребно време да постигнеме се, зборувам во години, но се движиме во правилна насока и кон тоа ќе се фокусираме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ