Сеидл најавува: Рикардо нема да биде прв возач

Новиот член на Мекларен, австралијанецот Даниел Рикардо, нема по автоматизам да биде број еден возач во тимот наредната година, се додека Андреас Сеидл е шеф на екипата.

Рикардо ќе премине од Рено во Мекларен на крајот на оваа сезона и ќе го замени Карлос Саинз кој направи трансфер во Ферари. Австралијанецот има 171 трка зад себе и 7 победи во Формула 1 кариерата.

Додека јас сум тимски шеф, никој на стартот на сезоната нема да биде број еден. Доколку некој се докаже, ќе размислиме, но имаме двајца еднакви возачи како што имавме во 2019 година со Саинз и Норис.

Ландо и Даниел ќе бидат одлично дуо, Не само спортски туку и како презентација на Мекларен како бренд – најави германскиот шеф на екипата од вокинг.

Рикардо и Норис се доста забавни личности и нивниот однос е одлична шанса да се продолжи блиската врска што ја имаа Саинз и Норис лани. Од друга страна Норис со нетрпение чека да ја дели гаражата со Рикардо. 

Мислам дека ќе биде одлична сезона наредната година. До сега имавме неколку забавни моменти со него и мислам дека е доста добар човек и се согласуваме.

сеуште не чека оваа сезона и треба да имаме што подобра завршница со Карлос. Мислам дека ќе биде доста забавно со Дани како колега – глсат очекувањата на младиот британец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ