Сеидл не гледа причина за промени кај возачите

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, не гледа никаква причина за промена на некој од неговите двајца возачи во пресрет на следната сезона и големата промена на правилата.

Карлос Саинз неодамна најави дека сака нов договор со тимот и дека е пресреќен во Вокинг, но дополни и дека не брза со преговорите. Задоволство од Мекларен изрази и другиот возач, Ландо Норис.

јас сакам чистина и јаснотија во однос на моите возачи колку што може порано. сепак, тоа е тема на која не се брза да се носат некакви соопштенија. почнува 2020 сезона, а ние сме многу среќни и задоволни со ландо и со карлос.

тоа што е важно во моментов е дека го правиме следниот чекор како екипа, а возачите се тука да ни помогнат со се што научија лани. ако помислам на иднината не гледам зошто би менувале возачи – најави сеидл.

Германецот појасни дека неговите двајца возачи имаат еднаков статус.

на почетокот од сезоната тие имаат одврзани раце да се борат и тркаат се додека немаат никакви контакти. во зависност од тоа каде ќе бидеме во сезоната, ќе донесеме одлуки за тоа како ќе ги одработуваме трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ