Сеидл открива: Кери преговара со Хокенхајм

Според шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, Хокехјамринг е во преговори со Формула 1 за организација на Гранд При трка оваа тркачка сезона иако германскиот автодром не беше дел од првичниот календар.

Медиумите веќе некое време шпекулираат дека втодромот се понудил на челниците на спортот да биде замена доколку некоја од трките кои се наоѓаат на календарот не може да организираат трка, но Сеидл сега открива дека преговорите се интензивни и се во тек.

чув дека чејс кери е во контакт со хокенхајм. можам да замислам лесно да се одржи трка во германија – изјави сеилд за Sky Sport Deutschland.

Во 2019 година беше одржана последната трка во Германија само благодарение на едногодишниот договор и Мерцедес кои ги покрија трошоците за трката, но продолжување на соработката не беше договорено. Во моментов Либерти Медиа е во позиција кога очајно многу и треба Хокенхајм поради фактот што дел од автодромите се откажуваат од трка поради немањето желба да се организираат настани зад затворени врати.

Дополнително, Германије е помеѓу најуспешните земји во справување со пандемијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ