Сеидл: Убаво беше чувството додека Саинз водеше во трката

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, вели дека глетката Карлос Саинз да води на трката во почетокот им оставила добро чувство на тимот од Вокинг.

Саинз беше второпласиран позади Ботас на крајот на првиот круг, но одлично ги искористи софт пневматиците на мократа патека и го претекна финецот за водство во следните четири кругови.

Шпанецот на крајот се пласираше на шесто место, додека Ландо Норис ја заврши трката надвор од топ 10 по судар со Ленс Строл. 

Очигледно имаме добри спомени. Тоа ќе биде дополнителна мотивација со цел да се движиме напред кон целта, а тоа е да се вратиме на врвот на Формула 1 во следните години. Убаво чувство, убава глетка, водевме неколку кругови, Но во исто време јасно е дека моравме да се фокусираме на нашата трка. Брзо се вративме каде што припаѓаме.

Сепак, интересно беше да се види. Знаеме од Карлос и Ландо, дека тие сакаат вакви услови. Секако, имавме предност со софт пневматици споредено со другите на медиум, Но споредено со Верстапен, кој беше на софт, Карлос прикажа убаво шоу и можеше да направиме предност во првите неколку кругови, Но потоа брзо се вративме во реалноста.

Извршивме добра работа да освоиме повеќе поени од Рејсинг Поинт и од Рено, нашите главни конкуренти и Тоа е позитивно. На крајот имавме проблеми со пневматиците, особено на софт. Тоа не ни дозволи да се бориме понапред. Карлос изврши одлична работа, а имаше и добри претекнувања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ