Сеидл јасен: Возачите може да се тркаат се додека нема судари

Андреас Сеидл најави дека не гледа причина зошто неговите возачи не би се тркале еден со друг се додека не се судираат и елиминират меѓусебно.

Ландо Норис и Карлос Саинз одлично ја почнаа сезоната, младиот британец донесе подиум и најбрз круг, додека шпанецот придоаде 5то место за најдобра трка на тимот последните години.

филозофијата која ја имаме во тимот е дека тркањето е целосно дозволено се додека нема судари. верувам во карлос и ландо, видовме лани колку добро соработуваа и се сложуваа.

секако дека ризик секогаш постои како и фактот дека судар не мора секогаш да биде предизвикан од возачка грешка. понекогаш работите едноставно се случуваат.

им дозволуваме да се тркаат затоа што на почеток на сезоната тоа е најдобар начин за да се стигне до најдобар можен резултат за себе и за тимот – вели сеидл.

Со постигнатиот резултат Мекалрен во моментов се наоѓа на 2ро место во конструкторскиот поредок со 26 освоени поени, 11 помалку од Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ