Сеуште нема потврда за замената на Турција, во комбинација Муџело и Нурбургинг

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на спортот, напорно работи да го среди последниот проблем со Формула 1 календарот. 

По откажувањето на трката во Канада, Доменикали договори замена во Турција, но со новата одлука на британската влада за ставање на Турција на црвената ковид листа, тркат крај Истанбул е под знак прашање. 

Не сакам пред време да манувам или откажувам трки, Но не знаеме што ќе биде во моментов. Не можам да потврдам ни за Муџело ни за Нурбургинг.

Во наредните денови ќе знаеме што треба да се направи. Доколку треба да се откаже, ние ќе се потрудиме да го задржиме истиот број на трки како на каледнатот и не сакаме да пропуштиме ништо.

Оваа недела ќе знаеме во која насока ќе одиме, но Мора да го задржиме бројот на трките. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ