Се потешко до трка во Кина

Надежта на челниците на Формула 1 дека ќе добијат можност да организираат трка во Кина се се помали откако спортските власти на најбројната држава во светот одлучија да ги откажат сите спортски настани до крајот на годината.

Главната спортска администрација на Кина реши до крајот на годината да нема спорт во земјата освен квалификациите за Зимските Олимписки игри во 2022 година кој треба да се одржи во Пекинг и Жангијаку.

Со одлуката се засегнати и ВТА финалниот тениски турнир кој требаше да се одржи во Шенжен во Ноември, два големи голф турнири, финалето од светското бадминтон првенство. Азиското првенство во искачување и две велосипедски трки.

Кинеското Гранд При требаше да се одржи на 19 Април согласно првичниот датум, но стана прва откажана трка поради пандемијата, а потоа следуваа и останатите од првата десеторка. Вухан, градот каде што изби пандемијата е оддалечен 700 километри од Шангај каде се наоѓа автодромот.

Формула 1 веќе ја почна сезоната со првата трка во Австрија, а викендов следува нов настан на истата патека, по кој ќе се оди во Унгарија на Хунгароринг. До сега се потврдени првите осум трки, а во најкус период се очекува потврда и на вториот дел од календарот за да се стигне барем до 15 тркачки викенди оваа сезона.

Поради тоа што Европа во моментов е најбезбедно место, се очекува сезоната да продолжи во Италија и Португалија, а трките во Северна и Јужна Америка се под голем знак прашалник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ