Силверстон добива нов хотел

Целосно нов хотел од ланецот Hilton Garden Inn. ќе биде изграден на легендарниот автодром Силверстон. Хотелот ќе има тераса на покривот и 197 собир, а треба да биде завршен до 2020 година, открива Оперативниот директор на патеката, Стјуарт Прингл.

Тој појасни дека изградбата доаѓа по зголемениот број на барања од посетителте за престој на патеката.

Во пролет следната година ќе се отвори The Silverstone Experience, целосно нов начин за привлекување на посетители на центарот на британскиот моторспорт. Тоа во комбинација на зголемениот број на конференци и изложби резултираше со зголемена побарувачка на квалитетно сместување на патеката – гласи дел од официјалното соопштение од Силверстон.

Терасите ќе бидат наместени на начин за да посетителите ја гледаат стартно-целната рамнина од нивните соби, а хотелот ќе има директен пристап до конференцискиот центар во Силверстон.

Конференцискиот центар ќе има директен пристп до хотелот кое ќе ни помогне да го подобриме Силверстон. Партнерството со Хилтон и отворањето на хотелот ќе ја подобри допадливоста на автодромот и ќе понуди квалитетно сместување цела година.

Моменталниот договор на Силверстон како организатор на Големата награда на Британија истекува на крајот на следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ