Силверстон недостижен: Ф1 не доби исклучок за карантин

Формула 1 доби официјална информација од Британската Влада дека нема да добие никаков исклучок од мерката за карантин која треба да биде воведена и која бара сите оние кои пристигнуваат на Островот да бидат во задолжителна 14-дневна самоизолација. По ова, речиси сигурно е дека Гранд При трка на легендрниот Силверстон оваа година нема да има.

Секретарот за внатрешни работи во Владата на Британија од Лондон потврди дека сите оние кои ќе пристигнат во Кралството од 8 Јуни ќе бидат предмет на задолжителна самоизолација од две недели. Направени се мали исклучоци, но истите не вклучува никакви спортови.

за врвниот спорт да се врати на телевизија, мора да бидат направени исклучци. 14-дневен карантин го прави биртанското гранд при невозможно годинава, а има директен удар врз десетици илјади работни места кои се потребни на формула 1 – изјави портпарол од тркачката серија.

И покрј оваа мерка, од Формула 1 велат дека ќе продолжат да лобираат за да добијат олеснување, а со тоа и можност да одржат трка во Англија.

работиме непосредно со владата на тоашто политиката ќе направи на формула 1 и силверстон и тие разговори се во тек, а имаат цел да најдат решение за безбедноста, што е наш приоритет – велт од формула 1.

Шефот на Силверстон, Стјуард Прингл, останува оптимист дека Валдата може да ја промени одлуката и да дозволи организација на Гранд При тркаа.

јасно ја посочив важноса на оваа иднустрија на владата. оптимист сум дека начин ќе се најде иако сум свесен дека ќе биде многу сложено и дека работиме контра рокови кои цело време се менуваат и задачата нема да биде лесна. оптимист сум дека ќе се најде разумно решение кое ќе биде правично и во корист на сите.

Задолжителната изолација ќе биде предмет на ревизија на секои три недели, така што осанува можноста да не биде на сила за време на трката во Силверстон во Јули. Првата ревизија на мерката се очекува на 29 Јуни, а оригиналниот датум за тркаа е 26 Јули.

Но, Формула 1 и Силверстон имаат потреба од време за да ја подготват патеката за два тркачки виенди по ред, така што мора однапред да знаат дали ќе имаат можност за организација или не. Како опции за замена на историската патека се почесто се споменуваше Хокенхајм, но деновиве и Хунгароринг добива на силина.

Карантинот не влијае само на трката во Британија туку и на персоналот кој доколку се враќа дома по трки, ќе треба да биде во карантин 14 денови, така што се размислува за 3-4 тркачки викенди пред вработените да одат кај своите семејства.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ