Силверстон постави рок за одлука околу трката

Силверстон поставија краен рок до крајот на Април за одлука дали годинешното Гранд При на Британија ќе се одржи.

Пандемијата на КОВИД-19 резултираше првите осум трки во 2020 година да бидат или откажани или одложени. Во однос на Британското Гранд При, закажано за периодот од 17 Јули до 19 Јули, одлука сеуште не е донесена, но повеќе спортски настани закажни за летниот период, вклучувајќи ги и Олимписките Игри во Токио, веќе се одложени.

Промотерите на трката изјавија дека секаква одлука во однос на трката мора да биде донесена до крајот на Април.

Силверстон и Формула 1 сеуште имаат близок дијалог во однос на моменталната ситуација и ја разгледуваат можноста да се одржи Британското Гранд При на 19 Јули.

Целосно поддржуваме што други настани во Јули во Велика Британија веќе донесоа одлука, но важно е да се истакне нивната логистика и договори, кои се разликуваат од тие на Силверстон и поради тоа нашата временска линија ни овозможува до крајот на Април да донесеме конечна одлука.

Безбедноста на нашите фанови, колеги и Формула 1 семејството ќе бидат наш приоритет и ќе продолжиме со дискусии со одговорните лица – велат одговорните од легендарниот автодром.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ