Силверстон се договори за две трки

Силверстон се договори со Формула 1 да одржи две трки без публика ова лето. Организаторите беа во преговори со Либерти Медиа откако сметаа дека стандардното плаќање на котизација за организирање на настан треба да биде заменето со покривање на трошоците од страна на американците поради одржување на настанот без публика.

Двете страни имаа различни идеи, а Чејс Кери изјави дека нема да биде лесно да се договорат сите. Сега веќе има договор и се работи на деталите. 

Трките ќе се одржат на 26 јули и 2 август, додека првичниот датум на 19 јули е слободен викенд и прави место за настан во Австрија кој не е потврден. 

За трките да се случат сеуште се чека на дозвола од властите. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најави 14 дневен карантин за сите гости во државата. 

Шефот на Силверстон Стуарт Прингл изјави. 

Задоволен сум што се договоривме да организираме две трки без публика. Сеуште чекаме дозвола од владата, но главен приоритет е безбедноста и здравствените правила. Би сакал да се заблагодарам на сите вмешани. Нашите фанови не подржуваа и сигурни сме дека може да направиме добро шоу. 

Холандија, Канада и Сингапур ги нема на моменталниот ревидиран календар. За Спа веќе има добри вести бидејќи е одобрено отворањето на автодромот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ