Симондс смета дека годинешните правила се веројатно грешка

Техничкиот шеф на Формула 1, Пет Симондс, смета дека веројатн челниците на спортот погрешиле со промените во пресрет на 2019 година насочени со цел да се олесни следењето и зголеми претекнувањето за време на трките. Промените се однесуваа предимно на дизајнот на предното крило, а дел од добиените податоци се користат и за крилата за следната година.

Практично се покажа дека следењето помеѓу болидите не беше олеснето, а Симондс признава дека промените биле далеку од идеални.

во оформувањето на аеродинамичките правила за 2021 година, новото предно крило од лани веројатно не ни помогна толку колку што се надевавме. ланските промени беа направени некако набрзина, но што е тука е.

тие направија далеку помалку од тоа што регулативата за следната година ќе го направи на болидите, минимално. всушност ние никогаш не пробавме вистиски конфигурација како што налагаа правилата за 2019 година. во тоа време многу истражувавме, поточно кон средината на 2018 година и почнавме добро да разбираме одредени области, но тоа беше целосно различно од она што го сработеме за 2021 година – појасни симондс.

И покрај тешкото следење и уште потешкото претекнување, 2019 година беше многу возбудлива и исполнета со одлични трки, особено во вториот дел од првенството, така што инженерот се надева дека така и ќе продолжи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ