Сингапур: Безгрешна трка на Нико Розберг

Нико Розберг стигна до својата 22ра победа во кариерата и свој 51ви подиум, додека за Мерцедес ова беше 59ти триумф. Второто место за Даниел Рикардо значи негов 15ти подиум, а со 3то место Хамилтон по 99ти пат се искачи помеѓу 3те најбрзи на трка.

Нико Розберг ја прекрши традицијата затоа што во Сингапур на сите 8 досегашни трки секогаш победувле возачи со светска шампионска титула зад себе, а германецот тоа го нема.

Трката не ни беше започната, а Роман Гросжан нервозно излета од својот болид поради тоа што непосредно пред почетокот, механичарите на Хаас открија дефект кој не успејаа да го отстранат пред стартот. Ова беше шлаг на повеќе од очајниот викенд за французинот во Сингапур.

Оваа трка во сите свои изданија имала безбедносни возила, а овојпат за истото се погрижија возачите на Торо Росо и Нико Хулкенберг од Форс Индија моменти откако црвените светла се изгаснаа. Хулк беше во налет, но и во сендвич помеѓу Саинз и Квјат, имаше контакт и тој се изврте, но за среќеа не “собра“ никого со себе иако мина сантиметри пред Макс Верстапен. Овој инцидент беше истражуван од стјуардите, но тие не казнија никого.

Очаен старт имаше Макс Верстапен и од 4то падна на 8мо место, додека Фернандо Алонсо се искачи на 5то место и докажа дека знае како се стартува. Безбедносното возило беше на патеката 3 круга, а во тој период Валтери Ботас заработи дупната гума и неговите механичари несмасно го пуштија пред Ветел на пит линијата. Стјуардите го разгледуваа и овој инцидент, но не најдоа виновник.

Розберг, Рикардо, Хамилтон, Раиконен го предводеа рестартот во 3от круг, но Ветел од позадина се бореше. Германецот го мина Палмер во 4от круг за 17то место, следниот го нанижа и Окон, а следниот круг и Паскал Верлејн, позиционирајќи се на 15то место. Во овие моменти црно-портокалово знаме доби Карлос Саинз поради тоа што од неговиот болид висеше дел кој се оштетил по контактот со Хулкенберг. Знамето значеше дека тој мора во бокс на поправка.

Иако два инциденти минаа без казна, Естебан Окон доби 5 секунди на своето време на крајот од трката поради тоа што пртекнувал додека безбедносното возило било на патеката.

Во 16от круг, двајца од топ 3 возачите, влегоа во бокс, Хамилтон излезе со софт, а Рикардо со суперсофт, исти како тие кои дотогаш ги возеше. Следниот круг влезе и Розберг, со иста стратегија како и тимскиот колега, а Кими Раиконен мени на суперсофт во 18от круг.

Од 18от до 22от круг се водеше војна помеѓу Даниил Квјат од Торо Росо и Макс Верстапен од Ред Бул за 9то место. Русинот како да сакаше да каже дека Макс бадијала му го земал местото во тимот и не му дозволи да мине во серија од блиски дуели.

Ветел дотурка до 6то место пред да менува гуми во 25от круг. Промени на ултрасофт и излезе на 13то место, веднаш превземајќи го од Заубер.

niko_kocnici_singapur

Во овие моменти двајцата возачи на Мерцедес пријавуваа проблеми со прекумерно загревање на сопирачките, а Луис Хамилтон мака мачеше да го задржи Раиконен зад себе.

Кругот број 28 донесе интересен дуел за 10то место помеѓу Ветел, Гутиерез и Саинз. Ферарито на Себ повторно дојде до поени.

Возбудлив беше 33от круг, Рикардо влезе во бокс и излезе со жолти софт гуми, а во истиот момент Раиконен го нападна и го мина Хамилтон, но влезе по софт гуми следниот круг, заедно со Розберг. Хамилтон влезе во 35от круг, но излезе на 4то место, зад финецот. Во Мерцедес тогаш почнаа со план Б за Хам, форсирање на софт гумите и дополнително 3то менување.

Во 36от круг Себастијан Ветел со искачи на 5то место минувајќи го Квјат, а Валтери Ботас откако цела трка се мачеше на опашката, се октажа во 37от круг паркирајќи се во гаражата.

Последните менувања на гуми ги најави Себастијан Ветел кој промени на ултрасофт во 43от круг, додека се возеше на 6то место.

baton_singapur

Два круга подоцна, крај на тешката трка стави и Џенсон Батон кој во ниеден момент не дојде до топ 10.

Луис леташе во овие моменти и беше далеку најбрз од топ 4 кои беа на софт гуми. Влезе во бокс во 46от круг и промени на суперсофт, а по него влезе и Раиконен, но стави ултрасофт. Мерцедес успеа да го мине Раиконен преку бокс, Хамилтон повторно си го врати 3то место.

raik_izlez_singapur

Во 48от круг менуваше Даниел Рикардо и излзе на 30тина секунди од Нико Розберг. Мерцедес реши да не го повика Розберг во бокс и последните 12 кругви германецот губеше по 2-3 секунди од Рикардо, чуваји ги сопирачките.

ros_rik_singapur

На 4 кругови до крајот Дани се приближи на 4 секунди до Розберг, но тогаш Мерцедесот забрза и не му дозволи да влезе во ДРС зоната.

ham_rai_singapur

Луис Хамилтон рутински си ја задржа 3та позиција откако последните 10 кругови го држеше Раиконен на безбедно растојание надвор од ДРС. По Раиконен финишираше Ветел кој напредуваше дури 17 позиции на оваа трка.

Макс Верстапен по лошиот старт се бореше цела трка и заврши како 6ти, откако му ја превзема таа позиција на Фернандо Алонсо на 5 кругови до крајот. Серхио Перез беше 8ми и донесе значајни поени за Форс Индија, Даниил Квјат се врати во поени со 9то место, а втор пат оваа сезона поени освојува и Рено преку Кевин Магнусен.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-15-singapur.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ