Сингапур: Перез уверливо до победа, но е под истрага

Трката за големата награда на Сингапур започна со еден час задоцнување.

На самиот старт Леклер ја загуби пол позицијата од Серхио Перез додека Хамилтон отиде прешироко и Саинз дојде на трета позиција. Зад нив Норис и Алонсо ја започнаа својата борба за позиција.

Верстапен од осмата позиција имаше лош старт и падна неколку позиции и дојде на 12та позиција.

Актуелниот шампион почна да напредува во четтвриот круг и го престигна Тсунода и Магнусен со кој имаше контакт.

Во седмиот круг Магнусен беше предупреден со црно и портокалово знаме поради штетата од контактот со Верстапен. Неколку моменти подоцна Жу и Латифи имаа контакт при што подебелиот крај го извлече кинезот и се паркираше во петтиот свиок.

Од контактот Латифи заработи дупната гума и мораше да вози полека до боксот. Тука тој се откажа од трката и се појави безбедносното возило во деветтиот круг.

Во 11 круг се повлече безбедносното возило и поредокот остана непроменет.

Верстапен веќе е на седма позиција откако го престаса Гасли и Алонсо е неговата нова цел. Три кругови подоцна холанѓанецот е на 3 десетинки од Алонсо но не може да го престаса.

Во 18тиот круг Перез сеуште е водечки и возачите веќе се жалат на потрошените интермедиа гуми но никој не тргнува по нови. Леклер ја зголеми разликата со Перез чекајќи некаква шанса за поминување преку бокс со андеркат.

Во 20тиот круг Хамилтон не се откажува од последното место на подиумот и почнува да се приближува на Саинз со Ферари.

Наредниот круг Алонсо се паркираше покрај патеката откако откажа неговиот мотор и се појави Виртуелно безбедносно возило. Во тие моменти Џорџ Расел влегува по медиум гуми за суво.

Во 26 круг Албон излетува во осмиот свиок и се враќа во бокс без предното крило поради што се појавува второ виртуелно безбедносно возило. Во боксот откажува неговиот мотор и ова е второ откажување за Вилијамс.

Во 28 круг откажува болидот на Окон најверојатно поради проблем со моторот и пак има виртуелно безбедносно возило.

За време на виртуелното безбедносно возило во 30 круг, Верстапен направи опасна ситуација откако влета пребрзо во моментот кога Норис прикочи.

33 круг, Хамилтон излетува во седмиот свиок но иако удира во бариерите сепак поминува беш оштетувања.

Два круга подоцна Леклер влегува по нови медиум гуми додека Хамилтон влегува по ново предно крило и нови медиум гуми. Леклер се враќа на патеката на трета позиција.

Перез е повикан по нови медиум во 35 круг, по него влегува и Саинз.

Во 36 круг, Тсунода удира во бариерите во 10 свиок и излегува безбедносното возило. Ова го користат возачите на Мекларен кои излегуваат на гуми за суво, Норис на медиум и Рикардо на софт.

Во 39тиот круг се повлекува безбедносното возило. За инцидентот помеѓу Латифи и Жу, Латифи е казнет со пет места на гридот на наредната трка поради предизвикување судар.

Во 40 круг Верстапен во обид да го престаса Рикардо му блокираа тркалата и отиде надвор од патеката во седмиот свиок. Неговиот колега Перез е под истрага поради инцидент зад безбедносното возило.

Наредниот круг Верстапен влегува по нови софт гуми и се враќа на патеката на последна позиција. Пред него е Расел кој има проблем со задната десна гума која пукна и мора да влезе да ја промени. Тој имаше контакт со Шумахер на рестартот. Поради ова тие двајца се под истрага.

44 круг, ДРС е дозволен и Леклер тргнува во напад на Перез. Своја борба води и Норис со поранешниот колега Саинз за последното место на подиумот.

Борбата за врвот сеуште трае и Леклер е на 4 десетинки од Перез но сепак прави грешка во 49 круг и губи една секунда.

Одлуката за прекршокот на Перез ќе биде донесена по трката.

Расел влегува по нови софт гуми во 53тиот круг во обид да го освои најбрзиот круг.

На 2 мин или 4 круга до крајот Фетел ги задржува Хамилтон и Верстапен зад себе додека Расел го вози најбрзиот круг.

Хамилтон прави грешка во 58 круг и Верстапен го престасува.

Трката завршува во вториот час предвиден за возење во 59 круг со победа на Перез кој е под истрага.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ