Синот на Монтоја ќе вози за Према во Ф4

Себастиан Монтоја, синот на седумкратниот победник на Гранд При трки, Хуан Пабло Монтоја, напредува во Формула 4 тркачката серија каде годинава ќе вози за италијанска Према.

14-годишниот колкумбиец ќе дебитира во Формула 4 цела сезона во италијанската серија, а ќе има и неколку трки во Германската во текот на годината. Младиот Монтоја почнал со картинг на 8-годишна возраст во Америка, а лани се тркаше во Европа.

Према се импресионирани од младиот Себастиан кој велат дека многу брзо се прилагодил на болидот и завршил одлична работа за време на првите тестови.

воодушевени сме што можеме да му посакаме добредојде на Себастиан во тимот. тој е одлично дополнување на нашиот ростер возачи и веќе гледаме позитивен тренд по менувањето на серијата.

за него оваа сезона ќе биде за учење, а од она што го гледаме до сега може да стане главен конкурент, но мораме да почекаме сезоната да почне. ќе биде возбудливо д се работи со толку талентирани возачи – изјави шефот на према, анџело росин.

Младиот Монтоја како колеги ќе ги има швеѓанецот Дино Бегановиќ, бразилецот Габриел Бартолето и италијанецот Габриеле Мини.

возбуден сум што ќе почнам со тркачки едноседи и ќе имам Формула 4 можност сезонава со толку добра екипа.

према е врвен тим и ја има сета потребна опрема и луѓе да ми помогнат да учам и да пораснам како возач. конкуренцијата ќе биде тешка и тоа е добро затоа што ќе ме предизвика – изјави младиот колумбиец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ