Сироткин: Вилијамс треба да се фокусираат на 2021

Екипата на Вилијамс треба да се фокусира на изработка на многу подобар болид за 2021 година, смета поранешниот возач во тимот, Сергеј Сироткин.

Русинот, кој стана резервен возач за Рено и Мекларен годинава, возеше за Вилијамс во 2018 година, каде од прва рака го искуси фамозниот пад на тимот во последниот ред од гридот.

Вилијамс напрадија основни грешки во процесот и методите за изработка на болидот. Беше јасно дека за надминување на таа криза ќе биде потребно многу време. Прашањето сега е колку долго.

Мислам дека тимот мора да се фокусира кон болидот за 2021 година и да го извлече максимумот од новите правила. Следната сезона нема многу промени, така што не знам што екипа со толкаво заостанување може да стори за да го намали, а камоли да се борат со другите тимови.

Сироткин потврди дека имало можност да го замени Џорџ Расел на последната трка во Абу Даби.

Да, имаше можност. Екипата побара да бидам целосно подготвен, но здравјето на Џорџ се подобри и тој возеше целиот викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ