Сироткин: Квјат мора да го порази Гасли следната година

Даниил Квјат мора да го порази тимскиот колега во Торо Росо, Пјер Гасли, во 2020 година за да го осигура своето место во програмата на Ред Бул, смета сонародникот на Квјат, ланскиот возач на Вилијамс, Сергеј Сироткин.

Сироткин оваа година ќе биде резервен возач на Рено и Мекларен, а Квјат неодамна изјави дека 2019 година била негова најдобра во кариерата. Сепак, Сироткин смета дека било потешко да се проценат неговите перформанси.

Од една страна, тој се врати во Формула 1 многу посамоуверен и како позрел возач. Но од друга страна, тој немаше јасна предност пред тимскиот колега. Во првата половина, возеше против дебитантот Алекс Албон, а во втората може да се каже дека тој беше поразен од Пјер Гасли.

Да, во трките тој стана многу попостојан, но најважно нешто за него сега е да му возврати на Гасли. Сите знаеме колку брзо Ред Бул ги менуваат одлуките, така што има ризик дека може брзо да најдат замена.

верувам дека тој може да се бори против Гасли и да го победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ