Сироткин отвора картинг академија во Русија

Поранешниот возач на Вилијамс, Сергеј Сироткин, отвора картинг академија во Русија, со цел да помогне на младите руски возачи да ги направат првите чекори во моторспортот. Отворањето на академијата е закажано за 25 Јануари.

Поранешниот возач на Вилијамс ја помина 2019 година во позадина како резервен возач за Мекларен и Рено, но Сироткин исто така бше полн со обврски во родната земја за отворањето на картинг академијата.

Базирана во Москва, картинг академијата за деца цели кон возраст од 5 до 15 години. Истата ќе биде водена од СМП Рејсинг Академи, а успешните возачи ќе имаат можност да бидат унапредени во РАФ-СМП Рејсинг Академи, како и во СМП програмата. СМП моментално управува или управувале со кариерите на Сироткин, Микаил Алешин, Витали Петров, Роберт Шварцман и Ирина Сидоркова.

Сироткин започна соработка со Јури Евгениевич Ставровски, главниот тренер на националниот картинг тим на Советскиот Сојуз помеѓу 1973 и 1985 година, како и на тим од искусни руски возачи со цел да развие целосна тренинг програма за младите таленти. Академијата ќе биде водена од Форца Уан Картинг центарот во Москва, додека поголеми тренинг часови ќе се одржуваат на внатрешната патека во Москва. Теоретски часови ќе бидат вклучени во објект со видео опрема.

Картингот е основа на сите моторспорт дисциплини, скоро сите возачи ги започнуваат своите кариери со овој чекор. Во картинг се откриваат основните способности. Јас поминав долг период помеѓу картинг и Формула 1 и сакам да го споделам моето искуство со новите возачи преку СПМ Рејсинг Академијата – вели Сироткин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ