Сироткин смета дека Окон нема да биде во сенка на Алонсо

Естебан Окон смета дека има се што е потребно да го намачии предизвика Фернандо Алонсо оваа година, смета резервистот во Алпин, Сергеј Сироткин.

Двократниот првак Алонсо се враќа во новобрендираниот Алпин Формула 1 тим, претходно фабричка екипа на Рено и се верува дека ќе има предност пред својот нов колега. Естебан има едногодишно искуство во Рено додека Нандо нема трка од крајот на 2018 година, а на крајот на мината сезона одработе тест за Рено со тековен болид воА бу Даби.

Кога последен пат беше дел од гридот, Алонсо доминираше над својот колега Стофел Вандорн, но русинот Сироткин смета дека на шпанецот нема да му биде лесно годинава.

естебан ќе го разбере болидот и тимот подобро и не очекувам да биде во сенка на алонсо. мислам дека ќе му биде тешко на фернандо да дојде на нивото кое го имаше даниел рикардо кој му е претходник. тој многу ќе бара од тимот, а екипата могу ќе очекува од него, секако дека сакаат колку што можат посилен старт на првенството.

мислам дека од почетокот на сезоанта окон и алонсо ќе бидат многу блиску еден до друг. естебан е силно мотивиран по подиумот во бахреин, јасно е дека беше под голем притисок, но влезе релаксиран во трката и тоа е многу важно – смета сироткин.

Самиот Сироткин се врати во Рено како резервист во 2019 година откако се тркаше сезона за Вилијамс, но иако сеуште официјално не е потврдено, се чини дека огромни се шансите да остане во Енстоун. 25-годишникот се тркаше во ГТ серијата за СМП Рејсинг лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ