Сите возачи ќе имаат камера во кацигата сезонава

Технологијата на камерата за кациги ќе биде присутна низ целиот грид за претстојната сезона, откако спортот склучи договор со Racing Force Group.

Погледот на кокпитот од кацигата се користеше повремено во последните две сезони, откако беше во фаза на производство неколку години додека Ф1 сакаше да истражува нови методи за да ги возбуди навивачите и да ги приближи до акцијата на патеката. Истата доби високи пофалби кога беше користена за време на викендот за Големата награда на Белгија во 2021 година, поставена во кацигата на Фернандо Алонсо.

Одредени возачи ја инсталираа на одредени викенди минатата година, но ФИА одлучи да ги користи камерите на сите трки за сезоната во 2023.

По тестирањето на најновата генерација на камери за кациги во текот на неодамнешните настани, тие се покажаа како голем успех, генерирајќи значителни позитивни повратни информации од фановите како вреден додаток на емитувањето на трка – се вели во соопштението од Август 2022 година.

Затоа, беше предложено и едногласно одобрено да се ажурираат техничките прописи од 2023 година, со кои се задолжува употребата на овие камери за кациги за сите возачи од 2023 година па натаму.

Производителот на технологијата сега е потврден во Racing Force Group, а камерата е означена како The Driver’s Eye.

Рејсинг Форс Груп и Формула 1 денеска склучија договор за употреба на технологијата за камера во кацигата во светскиот шампионат на Формула 1 во 2023 година – се вели во соопштението.

Возачкото око е микро камера хомологирана од ФИА со дијаметар од 8 милиметри и тежина од 1,43 грама поставена на ниво на очите на заштитната облога од внатрешната страна на кацигата на возачот.

Технологијата ќе биде достапна во текот на сезоната оваа година за сите возачи и производители на кациги на Формула 1 гридот.

Сезоната во Формула 1 во 2023 година ќе започне на 5 Март на меѓународната патека во Бахреин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ