Ситуацијата на Занарди се подобрува

Алекс Занарди покажува знаци на значајно подобрување на медицинската состојба, според изјавите на неговите лекари кои сеуште не даваат долгорочни прогнози. 

Италијанскиот возач кој е повеќекратен параолимписки шампион, имаше инцидент со рачен велосипед пред два месеци откако се судри со камион. Од тогаш имаше неколку операции. 

Моментално е на лекување во болницата Сан Рафаеле близу Милано, откако неговата ситуација се влоши по првичното пуштање во Центар за рехабилитација.

Од болницата дадоа извесување за неговата состоја каде потврдуваат дека тој е свесен и реагира на визуелни и аудио стимулации. 

Веќе неколку дена врз Алекс Занарди се вршат сесии за моторна рехабилитација со нанесување на визуелни и акустични стимулации на кои пациентот реагира – пишува во соопштението на болницата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ