Скај Спортс Ф1 – нов ТВ канал во Германија

Скај Спорт Ф1 ќе биде новиот дом за пренос на Формула 1 трките во Германија, а каналот ќе започне со емитување на програма на 12 Март.

РТЛ ја прикажуваше Формула 1 континуирано во земјата од 1991 година, но кон средината на 2020 година тие објавија дека ќе се откажат од правата по крајот на сезоната. Тоа го отвори патот за новата сезона во 2021 серијата да биде покриена со Скај Спорт Ф1.

Скај ја опишува новата станица како прв “нон-стоп“ канал за моторспорт во Германија и слично како и неговиот британски еквивалент Скај Спорт Ф1, Германија ќе има корист од известувањето во живо на секоја сесија на Формула 1 преку новиот канал, како и прес-конференции, Порше Суперкуп, Формула 2, Формула 3 и повеќе.

Скај се надеваат дека ќе искористат од доаѓањето на Мик Шумахер на гридот, синот на седумкратниот светски шампион и германска легенда, Михаел Шумахер. Веројатно, никогаш немало поголема анализа на дебитант од она што Мик ќе го доживее во својата дебитантска сезона со Хаас, но со името на Шумахер на гридот во Формула 1, Скај очекува навивачите во Германија повторно да вклучат.

Чарли Класен, извршен потпретседател на Спорт Скај Германија, рече:

Со Скај Спорт Ф1 сакаме да и понудиме на огромната заедница на навивачи на моторспорт во Германија најдоброто ТВ искуство до сега и да ги забавуваме на најдобар можен начин.

Само кај нас, гледачите можат да бидат блиску до новата генерација на Формула 1 кога Мик Шумахер ќе се појави на гридот. Нашето очекување е огромно и сигурен сум дека е исто и за гледачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ