Славица Еклстон добива понуди за Пол Рикар

Славица Еклстон, сопругата на Берни Еклстон која со договорот за развод стана сопственичка на автодромот Пол Рикар, откри дека разгледува неколку понуди од инвеститори за продажба на патеката, откри менаџерот на патеката, Стефани Клер.

Госпоѓа Еклстон е единствена сопственичка не само на патеката туку и на два хотеи и Кастеле аеродромот, оставштина од разводот со Берни од кој и тоа како добро се офајди во 2009 година.

Иако патеката домаќин на Француското Гранд При не е официјално на продажба, неодамна пристингале неколку понуди за купување на автодромот.

како и било кој убав производ или компанија, постои голема побарувачка за патеката пол рикар. славица не сака да го продаде, тоа не е нејзина цел, но постојат и добри понуди за кои вреди да се размисли.

во исто време тоа е можност за нас да видиме што може да се подобри затоа што инвеститроите се свесни за огромната историја на патеката и сакаат да го откријат целиот развоен потенцијал на патеката – потенцираше стефани клер.

Берни Еклстон го купи автодромот во 1999 година за 20 милиони евра и многу инвестираше во подобрување на инфраструктурата. По големите инвестиции истиот стана центар на високо-технолошки тестови за многу производители од автомобилската индустрија.

Но, во 2018 година и Формула 1 Гранд При тркањето се врати на југот на Франција.

имаме доста понуди, но доколку ниту една не се покаже како комплетна и добра за нас, не ни помисуваме за продажба. доколку славица се реши да продаде, се ќе биде завршено во предвидените законски рокови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ