Следното Британско ГП, малку подоцна од вообичаено

Од Силверстон потврдија дека Големата награда на Британија во 2020 година ќе се одржи на 19 Јули, неколку денови подоцна од вообичаениот термин за трката.

Сопствениците на Сивлерстон, БРДЦ, за време на трката минатиот месец обезбедија нов договор со Либерти Медиа што ќе ја задржи трката на легендарниот автодром барем до 2024 година.

Влезниците за следното Британско Гранд При на кое ќе се прослави 70-годишнината о дпрвата трка, се веќе пуштени во продажба. Јубилејната трка ќе понуди уникатно искуство и потсетување на легендарни возачи, болиди и моменти од историјата.

возбудени сме што веќе почна продажбата на влезниците за британското гранд при следната година. нашата прослава ќе означи 70-годишнина од формула 1 и поради тоа сакам да апелирам фановите да си ги набават своите влезници колку што може поскоро за да си обезбедат убави места за врвниот моторспорт настан – објасни стуарт прингл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ