Следното Холандско Гранд При е веќе распродадено

Трката која треба да се одржи за Големата награда на Холандија во 2022 година е веќе распродадена.

Првата модерна трка во Формула 1 на патеката во Зандворт оваа година беше голем успех, сред предизвикот, популарноста и битката за титулата на локалниот херој Макс Верстапен.

Весникот Де Телеграф сега известува дека повеќе од 400.000 луѓе веќе се пријавиле за да им бидат доделени билети за вториот настан на истата патека кој треба да се случи во Септември следната година.

Среќниците ќе бидат известени на почетокот на Декември.

Мислам дека Зандворт веќе стана една од најатрактивните гранд при трки во календарот, а побарувачката е многу висока за 2022 година – потврди шефот на трката Јан Ламерс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ