Смедли жали за ситуацијата во Вилијамс

Роб Смедли, инженерот кој до скоро беше одговорен за перформансите во Вилијамс, смета дека тимот плаќа скапо поради тоа што не инвестирал договлно во истражување и развој.

Британецот дојде во Гроув од Ферари во 2014 година, а таа сезона екипата заврши на 3то место во поредокот, резултат кој го повторија и следната 2015 година. Во 2016 година паднаа на 5то место, пред 2018 година кога завршија убедливо последни.

По раководство на Пади Лоув скроија различен дизајн и филозофија на болидот, правец кој испадна многу грешен и имаат очајни две тркачки сезони.

Смедли го напушти тимот по крајот на минатата сезона откако Вилијамс успејаа да освојат само 7 поени за цела сезона, по што замина и Пади Лоув на почеток од оваа година.

на тимот очигледно му треба многу работа. донесовме многу инженерски пракси, но следното поглавје беше силно инвестирање во истражување и развој, инвестирање кое никогаш не се случи.

ако сакате да бидете вистински конструктор, тогаш треба многу да инвестирате во тој сегмент, во спротивно ќе заостанете зад конкуренцијата без разлика со колку добар кадар располагате.

не сакам да говорам за индивидуи, но јасно е дека се донесени некои одлуки кои го донесоа тимот во сегашната позиција. тоа е штета – смета смедли.

Вилијамс се единствени без поени во досегашниот тек од сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ