Смедли за притисокот во Ферари: Луѓето буквално ве плукаат

Поранешниот инженер на Ферари, Роб Смедли, откри детали за атмосферата преполна со притисок која владее во тимот од Маранело.

Британецот неколку години беше дел од Скудерија, најголем дел како инженер за трка на Фелипе Маса. И покрај тоа што екипата е најуспешниот тим во Формула 1 историјата, во моменов минуваат низ период без наслов кој трае од 2008 година.

Смедли откри дека притисокот над најважните луѓе во екипата е секогаш огромен, а критиката пресилна.

мислам дека сите оние од врвниот менаџмент таму се подложени на огромен притисок, особено оние кои се појавуваат пред медиумите, едноставно, одговорноста е премногу голема. како што порано сум рекол, ферари во италија е буквално религија, тоа е репреззентација, национален состав, ја претставува државата и поради тоа не е само бренд

тешко е, ви треба дебела кожа и издржливост затоа што формула 1 е спорт што минува низ циклуси. знам затоа што не качувале на пиедестал и ни велеле дека сме најдоброто нешто, а по неколку недели или месеци, луѓето буквално плукале на нас по улица. многу е тешко, искрено во велам тоа.

мора да ги сварите сите подеми и падови и да не дозволувате емоциите да ве уништат, да не дозволувате да влијаат на вас и на вашата работа затоа што тоа е пред се – опиша смедли.

Скудерија направи промена на местото шеф на тимот по крајот на минатата сезона и местото на Матиа Биното го зазеде Фредерик Васур. Смедли смета дека французинот допрва ќе го открие притисокот во Ферари, а го советува да осане многу сирен.

кога луѓето ви кажуваат колку сте добар, важно е да не ги слушате, исто како што е важно и да не ги слушате кога ви кажуваат колку сте лош. мислам дека фред ќе мине низ сето тоа, тој е одличен човек, во моторспортот на врвни функции е долго време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ