Смедли предупредува дека во Вилијамс може и полошо

Поранешниот одговорен инженер за перформанси во Вилијамс, Роб Смедли, не се согласува со тврдењето на тимот дека полошо не може да биде од она што им се случи ланската сезона. Деветкратниот конструкторски првак ја имаше најлошата сезона во 2019 година со само еден освоен поен како последен чекор во силниот пад на перформансите во Гроув откако во 2015 година беа на 3то место кај конструкторите.

Смедли ја напушти екипата во 2018 година и иако Клер Вилијамс смета дека полошо не може, тој не смета дека е така.

секогаш ќе постои филозофија дека полошо не може, но неколку пати во моторспортот сум бил сведок, а особено во формула 1 дека може и многу полошо од тоа што на нив им се случи.

мислат дека не може полошо од 2019 година, но и преходната сезона сметаа така, а исто беше и во 2017 година. реалноста е дека претсојната сезона може да се полоши од минатата.

секој кој мисли дека вилијамс можат од позицијата во која се наоѓаа на крајот на минатата година одеднаш да бидат во топ 5 во првенството многу се лаже и многу греши. тоа не е воопшто точно.

старомодната изрека дека сме тркачки тим и дека постоиме само за да се тркаме повеќе не е доволно и иако сте независни ви треба силен буџет за да можете да се тркате – смета смедли.

На почетокот на годината Гроув го напуштија полски ПКН Орлен кои заедно со својот Роберт Кубица се преселија во Вилијамс, но и британскиот гигант Унилевер кои Рексона ќе ја рекламира во Вилијамс, Сепак, во тимот дојдоа сите спонзори на Латифи, од Софина Фудс на татко му, преку италијанска Лаваца до канадска банка.

сега сум надвор и можам само да се надевам на подобар период за нив, но кога сте внатре не може само да се надевате. трагично е, јас не сум дел од таа генерација која не може да се сети кога вилијамс победувале и осовјувале титули. таков пат е страшен и трагичен за било кој вистински формула 1 фан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ