Со ограничувањето на буџетот, Ферари ќе испрати уште “свои“ во Хаас

Со воведување на ограниченото трошење од почетокот на оваа година, многу екипи, особено најголемите, се мачат да работат согласно новата регулатива.

Ферари е екипа која традиционалн е на самиот врв по трошењето, а проблемот со прекубројниот персонал го решава на начин што ги праќа своите луѓе да работат а американски Хаас со цел да ги зачува нивните работни места. Неодамна одличниот инженер и поранешен технички шееф на Алфа Ромео, Симоне Реста, замина а американската екипа, а Биното откри дека се размислува и за уште техничари да бидат позајмени на Хаас кои се нивни муштерии со цел д асе создаде поголема синергија помеѓу екипите.

неодамна видовте како искусен член на нашиот инженерски тим како симоне реста ја смени нашата организација и отиде да работи во хаас на значајна улога. тој не единствениот кој ќе мине во американската екипа затоа што уште неколку техничари ќе го следат со што нашата организација ќе се намали за да работиме во согласност со ограничувањето на трошењето, а во исто време и да ја засилиме соработката и синергијата со нашите партнерски екипи – најави матиа биното, шефот на скудерија.

Сепак, и покрај блиската комнуникација и заедничка работа на некои делови, Биното потенцираше дека оние кои заминуваат во американста екипа нема повеќе на никој начин повеќе да работат за ФЕрари.

тие луѓе ќе бдат во маранело, но во целосно различна зграда која нема да биде поврана со фабриката на скудерија ферари. тие ќе останат таму затоа што хаас е целосно независен тим споредено со нас. не е никаква јуниорска екипа и не разменуваме никакви информации кои се надвор од дозволенарта соработка. тимовите се независни.

ако морам да ја намалам мојата организација секако дека сум среќен што знам дека моите момци одат и го засилуваат хаас наместо да бидат достапни за другите тимови кои не соработуваат со нас. поради тоа правиме ваква соработка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ