Со старт од 19то место, Шарл се надева дека брзо ќе стигне напред

И покрај малерозниот за него тркачки викенд на кој промени мотор и ќе тргне од последниот ред на гридот, Шарл Леклер се надева дека брзо ќе го надомести заостатокот и ќе дојде при врвот од колоната.

За моначанецот од Ферари, 4то место е реална цел иако призна дека напредокот ќе го базира на стратегијата. Уште во Петок тој доби казна од 10 позиции поради промена на електрониката, а во Сабота зема и целосно нов мотор што значеше старт од поселдниот ред.

Тој уште пред тркачкиот викенд најави можност за отслужување на казна затоа што Монтреал е патека на која доста лесно се претекнува.

не знам дали статистиката ќе биде добра или не, ќе биде малце потешко да се претекне, но мислам дека имаме одличен ритам во болидот. ако сме паметни со стратегијата и имаме чист воздух пред себе, можеме да дојдеме до 4то место или нешто слично тоа е секако целта – посочи леклер.

Запрашан дали смета дека неговиот колега може да победи со старт од 3то место на гридот, тој одговори:

се надевам. ако јас не победам, се надевам дека карлос ќе победи и тоа ќе биде одлично за тимот затоа што тој е многу конкурентен и силен цел викенд и мислам дека ќе остане многу блиску до макс.

се надевам дека ќе има безбедносно возило доцна во трката и ќе имаме малку среќа за да дојдам и јас во конкуренција, но јасно е дека сум голем оптимист.

Тој посочи дека не бил премногу разочаран со казната затоа што не бил изненаден со оглед на откажувањата и дефектите од Шпанија и Монако.

ќе ни биде потешко, но невозможно беше да ја избегнеме, така што разочаран сум, но очекував дека ќе дојде.

не знам дали ќе следваат уште казни, но се на се знам дека даваме се од себе и работиме колку што можеме посилно. не сме во добра ситуација, но веројатно донесовме правилна одлука. ова е една од патеките која ја сакам и подобро да земеме поголема казна овдека одошто на повеќе три по 10 позиции.

ќе се обидеме да надоместие и да извадиме се што можеме. се надеваме дека нема да имаме нови проблеми со издржливоста и дека ќе го стигнеме ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ