Со тројца возачи во топ 5, Хонда “брка“ подиум

Јапонците од Хонда мора да бидат задоволни од денешните квалификации на Имола откако ги имаат Серхио Перез, Макс Верстапен и Пјер Гасли во топ 5 и само Јуки Тсунода позади поради грешкта при која заврши во ограадата.

Серхио Перез ќе почне од првиот ред крај Луис Хамилтон откако прв пат на квалификации го победи Макс Верстапен кој ќе тргне зад него, доека Гасли со својот АлфаТаури обезбеди 5то стартно место.

ова беше возбудлива квалификациска сесија до саимот крај и има три болиди со мотор на хонда во првите пет. за ред бул, серхио одработе фантастично добро и си осигура најдобар стартен пласман во кариерата од првиот ред додека макс немаше совршен круг и ќе тргне од трето место.

за алфатаури, пјер извозе одлично за својата втора последователна 5та позиција на стартот, така што сите тие тројца имаат силни шанси за подиум на трката.

сударот на јуки значи дека ќе мора да почне од последно место, но со перформансите во остатокот од викендот кои беа добри, очекуваме агресивна трка од него и надоместување на многу позиции – најави тојохару танабе од хонда.

Перез и Гасли ќе стартуваа на софт, гумите со кои од К2 минаа во К3, додека Верстапен има стратегија како Хамитон и ќе стартува на медиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ