Спа ќе се реновира за 80 милиони евра, се враќа песокот крај патеката

Легендарниот белгиски автодром, Спа Франкошамп, откри дека одличиле да го спроведат проектот за реновирање на патеката тежок 80 милиони евра во пресрет на следната година, проект кој вклучува нови трибини и песочни зони за излетување.

Лани Спа откри дека ќе има и трки со мотори од 2022 година, мразот ќе го скрши ендјуранс 24-часовната трка како претходник на евентуално носење на врвната МотоГП класа на славната и обожувана патека.

Со цел да се добијат потребните ФИМ Ц лиценци, патеката морала да ги редизајнира зоните за излетување кои ќе бидат од песок наместо асфалт и тоа на 5 клучни кривини и тоа прваа Ла Соурс од 180 степени, ултра брзиот Радилион, тешкио Бланшимонт, потоа Лес Комбес и Стевелот. На некои кривини како на пример Радилион каде Антоан Хубер лани го загуби животот, зоната за излетување ќе биде проширена.

Зоните за излетување се само дел од планот вреден 80 милиони евра кој треба д асе спроведе следните 10 години, а содржи и реновирање на трибините кои веќе се застарени и дотраени. Планирани се нови трибини и ВИП боксови како и целосно нова трибина од 13.000 седиште на Радилион, по што ќе се дуплира капацитетот за седење на автодромот.

со овие инвестиции следните 10 години покажуваме дека сонот може да стане реалност. со пристигнување на престижен ендјуранс настан ја постигнуваме првата цела во “проектот мото“.

ова е многу важно што го почнуваме во волку тежок период на настани без публика поради пандемијата. тркањето е во сржта на спа-франкошамп, но не е исто без фанови и поради тоа проектот вклучува и реновирање и создавање на нови трибини – изјави натали маиле, главниот извршен директор на легендарната патека.

Проектот ќе биде финансиран од 21 милион евра сопствени средства, 29,5 милиони евра банкарски кредити и исто толкава инвестиција од Согепа, инвестициска компанија на Владата во Валонија која долго време му помага на Белгиското Гранд При.

Конфигурацијата на 7,004 метри долгата патека нема да биде променета.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ